ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН ГОЛМАН

Димитриевски во идеалниот тим на колото во шпанската Примера! (ФОТО)

Оваа сезона Столе Димитриевски игра како позајмица во редовите на Рајо Ваљекано од Химнастик Тарагона, и веќе е стандарден во првиот тим, иако од клупата го пропушти последниот дуел во Кралскиот куп каде што неговиот тим е елиминиран во 1/16 финалето дома од Легањес, а од првиот меч имаше убави 2:2.

објавено: 5 декември 2018 - 09:00

Голманот на македонската А репрезентација беше еден од најзаслужните што Рајо Ваљекано на последниот дуел во шпанската Примера за само вториот триумф сезонава на домашен терен против далеку подобро рангираниот Еибар (1:0) и овие три бода беа добредојдени во борбата за опстанок.

Столе Димитриевски имаше придонес со неколку прекрасни одбрани и така шпанската „Ла Лига" го смести во идеалниот тим од 11 фудбалери кои покажале најдобри перформанси во 14. коло од најквалитетната шпанска фудбалска лига.

Моментно на табелата и понатаму Рајо е во опасната зона за испаѓање на 19. позиција со 10 бодови, четири помалку зад засега „безбедниот" Виљареал, а во следното коло на 9. декември ќе му гостува на Бетис.

Идеалниот тим на 14. коло во Примера:

Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано), Алекс Морено (Рајо Ваљекано), Жуниор (Бетис), Жерар Пике (Барселона), Чема (Леванте), Виторино Антунес (Хетафе), Лукас Вазкез (Реал Мадрид), Хозе Кампања (Леванте), Оскар Родригез (Легањес), Јаго Аспас (Селта Виго), Гвидо Кариљо (Легањес).

Најново во Фудбал