Наместо славје нов шок за Аријан Адеми и неговите „модри"

Динамо загуби од Рудеш!!!

Динамо вчера и официјално ја освои титулата, но наместо прослава денеска, тие денеска доживеаја нов „шок“. За среќа, истиот нема да влијае врз конечниот изглед на табелата во Хрватска

објавено: 14 мај 2018 - 20:35

На тимот на Динамо Загреб му беше потребна победа на денешниот меч против локалниот ривал Рудеш за да ја прослави освоената титула, но наместо да се случи тоа, трофејниот хрватски тим на чело со нашиот интернационалец Аријан Адеми загуби со минимални 1:0. Да биде иронијата уште поголема, „модрите" го примија голот во самиот финиш на мечот, и тоа од првиот и единствен удар на домашните во рамките од нивниот гол.

На спротивната страна за домашните настапи Самир Фазли, кој одигра солидна улога во оваа ровоска битка, на тежок терен. Динамо се посрамоти на овој меч, во буквална смисла нареди неколку лоши мечеви во серија, седми пораз сезонава, и ќе мора титулата да ја прославува на домашен терен следното коло против тимот на Интер Запрешиќ.

Најново во Фудбал