НЕКОГАШНИОТ МЛАДИНЕЦ НА РЕАЛ МАДРИД НАЈДЕ НОВ КЛУБ

Дориан Бабунски по стапките на брат му Давид, ќе игра во Јапонија

Напаѓачот ќе го носи дресот на второлигашот Кагошима Јунајтед

објавено: 1 август 2017 - 11:47

Дориан Бабунски во новата сезона ќе игра во Јапонија. Некогашниот младинец на Реал Мадрид се согласи на трансфер во второлигашот Кагошима Јунајтед. 

Младиот 20-годишен напаѓач, минатата сезона го носеше дресот на Олимпија од Љубљана, а сега се реши да замине на далечниот Исток. Дориан за трансферот се пофали на социјалните мрежи.

 

Дориа сега ќе биде многу поблиску до својот постар брат Давид. Играчот за врска и еден од предводниците на младата репрезентација на Европското првенство во Полска, е дел до тимот на Јокохама Маринос. 

 

Најново во Фудбал