РЕВАНШ-МЕЧЕВИ ОД ОСМИНАФИНАЛЕТО ОД УЕФА ЕВРОПА КУПОТ

Дост утна пенал, но Батаља „погоди" - четвртфинале зa Ристовски и Спортинг

Во втората минута од судиското продолжение, при резултат (0:2),  Бас Дост, најдобриот напаѓач на Спортинг, не погоди од белата точка. Но во 107 минута, неговата грешка ја исправи Батаља, кој им го донесе толку посакуваниот гол за Португалците и премин во осумте најдобри.

објавено: 15 март 2018 - 21:34

Во втората минута од судиското продолжение Бас Дост, најдобриот напаѓач на Спортинг, не погоди од белата точка. Гол со кој неговиот и клубот на Стефан Ристовски, тимот од Лисабон ќе обезбедеа директен пласман во следната фаза – четвртфиналето во УЕФА Европа лигата.

Но беше непрецизен, па натпреварот против Викторија во Плзен отиде во продолжение, затоа што чешкиот тим со двата гола на Бакош, ја анулираше предноста од првиот меч во Лисабон, славеше со (2:0).

Но во 107 минута, неговата грешка ја исправи Батаља, кој им го донесе толку посакуваниот гол за португалците и премин во осумте најдобри.


На другите натпревари, Атлетико Мадрид ја прегази Локомотива, среде Москва славеше со (5:1).
Олимпик од Марсеј го освои Билбао, го победи Атлетико со (2:1), и е четвртфиналист, додека пак вториот руски претставник, Зенит (противник на Вардар во претходната фаза), одигра нерешено (1:1) со Лајпциг и се збогува со Европа.
Сигурен беше и Лацио, кој со сигурни (2:0) беше подобар од Динамо, и тоа во Киев, и оди понатаму.
РЕЗУЛТАТИ: Викторија – Спортинг 2:1, Локомотив (М) – Атлетико Мадрид 1:5, Атлетико Билбао – Олимпик 1:2, Динамо Киев – Лацио 0:2, Зенит – Лајпциг 1:1.
Од 21.05. часот играат: Арсенал-Милан, Лион – ЦСКА, Салцбург – Борусија Дортмунд

Најново во Фудбал