ОДИ ПА НАЈДИ МУ ГО КРАЈОТ

Ѕампарини: Го добивме последниот меч со Бари, а Илија не играше, значи можеме без него!

„Газета дело спорт"  обајви дека првиот човек на Палермо, Маурицио Ѕампарини повторно им ја отворил вратата на Фиорентина за трансфер на најдобриот напаѓач Илија Несторовски. 

објавено: 13 декември 2017 - 17:00

„Газета дело спорт" обајви дека првиот човек на Палермо, Маурицио Ѕампарини повторно им ја отворил вратата на Фиорентина за трансфер на најдобриот напаѓач Илија Несторовски. Во трката за македонскиот репрезентативец влегува и Торино.

Зампарини даде интересна изјава за медиумите во врска со Несторовски и отвори многу прашалници:

„Донесов тројца играч од кои двајца офанзивни за да му помогнат, но го добивме последниот меч со Бари, а Илија не играше. Значи способни сме да победуваме и без него".

Според италијански весник постои опција Илија да замине на „Артемио Франки", а во спротивна насока да отиде Сенегалецот Кума Бабакар.

Целта на сицилијанскиот клуб е враќање во Серија А, а моментално е во добра позиција, но клубот има финансиски проблеми кои мора да ги реши, откако пропадна зделката со странски инвеститор. Зампарини е свесен дека ќе остане без некои играчи во јануари или во текот на летото затоа што потребни се пари за покривање на минусот. Па токму затоа Несторовски е една од опциите за спас на Палермо. 

 

 

 

 

Најново во Фудбал