ПО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ, СЕ ОГЛАСИ ПРВИОТ ЧОВЕК

Ѕампарини: Среќни сме што го имаме Несторовски, но ако треба ќе го жртвуваме

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски денеска го продолжи договорот со Палермо до 2021 година. И покрај најавите дека е пред вратите на Евертон и многу дурги познати европски клубови, тој одлучи да остане во таборот на италијанскиот тим и да се бори за место во Серија А.

објавено: 13 ноември 2017 - 17:00

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски денеска го продолжи договорот со Палермо до 2021 година. И покрај најавите дека е пред вратите на Евертон и многу дурги познати европски клубови, тој одлучи да остане во таборот на италијанскиот тим и да се бори за место во Серија А.

По продолжувањето на соработката во јавноста се огласи и првиот човек на Палермо, Маурицио Ѕампарини, не криеше дека е пресреќен што има играч како Илија, но и најави дека ако е потребно да се спаси клубот, Несторовски ќе мора да биде жртватата поточно да биде продаден. 

„Горди сме што го имаме Илија како играч и како човек, тој е нашиот капитен. Пред секој меч разменуваме пораки, тој нашиот лидер. Сакам Несторовски да биде столбот на новиот проект, ова им го кажав на новите потенцијални сопственици. Но доколку истите не влезат во клубот и нема нови инвеститори ќе мора да го жртвувам Илија, бидејќи на клубот ми се потребни приходи за да ги покрие трошоците.

Се надевам дека наскоро преговорите ќе завршат успешно, не само што ќе го задржиме Илија Несторовски, туку ќе купиме нови играчи со кои одново ќе бидеме дел од Серија А", изјави соопственикот на Палермо, Маурицио Ѕампарини.

 

Најново во Фудбал