ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КЛУБОТ НАЈАВУВА

Ѕамперини: Несторовски ќе остане во Палермо и во Серија Б

Останува да се види дали макдонскиот голгетер ќе биде дел од клубот и во Серија Б

објавено: 21 јуни 2017 - 09:00

Според некогашниот претседател на Палермо, Маурицио Ѕамперини, најдобриот играч на тимот, Илија Несторовски нема да си замине летово. Палермо испадна од италијанската елита и следната сезона ќе игра во Серија Б.

И покрај неуспехот да се обезбеди опстанок во Серија А, Несторовски имаше одлична сезона. За Илија интерес покажаа неколку клубови, но останува да се види дали тимот од Сицилија ќе реши да го продаде.

„Уште немаме направено листа на играчи кои треба да ги доведеме за следната сезона. Знаеме само дека меѓу играчите кои сигурно нема да си заминат е и Илија Несторовски. На новиот Палермо ќе му бидат потребни неколку квалитетни играчи, а тука го имаме и Несторовски“, вели Ѕамперини.

Засега останува да се види дали Палермо сепак ќе прифати некоја од понудите за македонскиот репрезентативец или сепак Илија ќе остане да игра и во Серија Б.

Најново во Фудбал