МАКЕДОНЕЦОТ ПОВТОРНО ВО ПРЕДЕН ПЛАН

Џабе Несторовски погодува, кога голманот на Палермо прима циркузантски голови (Видео)

И Наполи се најде на листата на екипи против кој погоди македонскиот репрезентативец. Сега зад своето име има осум погодоци во Серија А

објавено: 29 јануари 2017 - 22:49

За прв пат во историјата на Серија А во стартниот состав на еден тим имаше двајца Македонци. Илија Несторовски и Александар Трајковски беа во дресот на Палермо, кој на гости кај Наполи одигра 1:1. Домаќините беа големи фаворити, но токму Несторовски е херојот на Палермо, кој освои голем бод во борбата за опстанок.

Најдобриот стрелец на тимот од Сицилија, погоди по само шест минути. Несторовски одлично со глава биеше за водство од 1:0. Тоа беше негов осми погодок сезонава. Предноста на гостите беше до 66 минута кога, Наполи израмни со погодокот на Мертенс.

Голманот на Палермо, Посавец направи невиден кикс, кога ја испушти топката која кроз неговите нозе заврши во мрежата.

Трајковски играше до 60 минута, додека Несторовски беше заменет во 92 минута. На крајот Палермо стигна до реми, а македонскиот голгетер Несторовски повторно е херојот.

0:1 - Несторовски во 6 минута

1:1 - Мертенс во 66 минута

Најново во Фудбал