Македонскиот репрезентативец е при врвот

Џани е добар во Лугано, води мртва трка за најдобар играч во 2016 година

Крај е на календарската 2016 година, време е за избор на најдобрите спортисти, а кандидат за најдобар играч на Лугано е и нашиот репрезентативец Езџан Алиоски

објавено: 28 декември 2016 - 16:01

Крај е на календарската 2016 година, време е за избор на најдобрите спортисти, а кандидат за најдобар играч на Лугано е и нашиот репрезентативец Езџан Алиоски. Напаѓачот на Лугано на нецели 4 дена до Новата година е на третото место во конкуренција на 15 соиграчи, кои се номинирани за најдобар фудбалер на тимот во оваа година.

Алиоски засега има 16 проценти од гласовите во анкетата на ФК Лугано, а пред него се само српскиот интернационалец Владимир Големиќ со 34 посто од гласовите на анкетираните и голманот Мирко Салви со 27 проценти.

Ако не се случи чудо Алиоски ќе биде најмалку треторангиран најдобар играч на Лугано во 2016 година, бидејќи само тој, Големиќ и Салви имаат двоцифрен процент од вкупно 15 номинирани за наградата.

Алиоски особено добро играше во новата сезона и е на третото место на листата на стрелците со 9 погодоци. Ако се сметаат и асистенциите, а популарниот Џани ги има 4, тогаш и во категоријата голови плус асистенции Алиоски е на истата позиција.

Најново во Фудбал