Најавуваат враќање на патеките на успехот

Еден час фудбал за Алиоски, Лидс е лидер во Чемпионшип по пауза од 27 години

Езџан Алиоски се врати во стартниот состав на Лидс, а клубот од Јоркшир забележа уште една победа и конечно е лидер во втората по квалитет англиска фудбалска лига. Навивачите пеат „Ние сме Лидс и ние сме на врвот“ по многу долг период

објавено: 13 септември 2017 - 08:31

Езџан Алиоски се врати во стартниот состав на Лидс, а клубот од Јоркшир забележа уште една победа и конечно е лидер во втората по квалитет англиска фудбалска лига.

Навивачите пеат „Ние сме Лидс и ние сме на врвот" по многу долг период. Точно 27 години требаше да минат за Лидс да биде на чело на табелата во Чемпионшип лигата.

Вчера на „Иланд Роуд“ падна Бирмингем предводен од легендата Хари Реднап, а Лидс славеше со 2:0. Алиоски играше точно еден час и беше заменет во 60. минута. Лидс е лидер по 7 кола со 17 бода и се уште е без пораз со 5 победи и две нерешени средби и гол-разлика од 14:2.

Навивачите на Лидс се во транс и посакуваат реприза од незаборавната Вилкинсон ера, кога во сезоната 1989/90 го освоија првото место во Чемпионшип лигата под команда на Хауард Вилкинсон. Се пласираа во тогашната Прва Лига на Англија, подоцна преименувана во Премиерлига, а беа шампиони на Англија за последен пат во сезоната 1991/92.

Најново во Фудбал