НЕ БЕШЕ СТАРТЕР ВО РЕДОВИТЕ НА СПОРТИНГ ЛИСАБОН

Едно полувреме за Ристовски во дербито со Порто

Навивачите на Спортинг беа загрижени зошто повторно тренерот одлучи македонскиот одбранбен репрезентативец да биде на клупата, а не во стартниот состав.

објавено: 12 јануари 2019 - 19:08

Денеска во дербито од 17. коло во најсилното фудбалско првенство на Португалија во Лисабон без голови (0:0), „лавовите" ремизираа против екипата на Порто.

Не беа задоволни фановите со одлуката Гаспар да започне од првата минута, знаејќи од фактот што Стефан Ристовски покажува далеку подобри перформанси оваа сезона.

Затоа, во 47. минута токму Гаспар излезе од теренот, а негово место влезе нашиот дефанзивец, но тоа ништо не промени, па на крајот мрежите останаа незатресени.

Секако ова е значаен бод за Спортинг и тоа против моментно водечкиот тим во шампионатот и останување во трката за една од позициите кои водат во Европа. Моментно е на четвртото место со 35 бодови, осум помалку зад лидерот Порто кој пак го запиша првото реми сезонава.

Најново во Фудбал