Доста му беше беза гол

Ејупи доста постеше, со два гола против „своите“ ја прекина „десетката“

Музафер Ејупи долго постеше, цели 10 кола во хрватското првенство, а ингтересно е што серијалот без гол го прекина со два погодоци против својот поранешен клуб Славен Белупо

објавено: 13 мај 2017 - 20:55

Музафер Ејупи долго постеше, цели 10 кола во хрватското првенство, а ингтересно е што серијалот без гол го прекина со два погодоци против својот поранешен клуб Славен Белупо.

Македонскиот репрезентативец можеше да постигне и хет-трик, но промаши пенал во 72. минута, втор за него на мечот што заврши со победа на Осиек од 3:0.

Во деветтата минута Ејупи беше прецизен, а пак ја затресе мрежата на својот претходен клуб во 52. минута од пенал. Со тоа популарниот Музо се израмни на врвот на листата на стрелците со Андријашевиќ од Риека и со двоецот од Динамо, Судани и Хоџиќ. Сите четворица имаат по 14 погодоци и ќе водат мртва трка за признанието „крал на стрелците“ во хрватското првенство.

Најново во Фудбал