Двајца наши ингтернационалци еден против друг во ХНЛ лигата

Ејупи го надмудри Жута, Осиек го победи шампионот Риека

Музафер Ејупи и неговите соиграчи од Осиек приредија мини изненадување и го победија првакот Риека, за кого цел меч одигра Леонард Жута

објавено: 22 октомври 2017 - 21:01

Музафер Ејупи и неговите соиграчи од Осиек приредија мини изненадување и го победија првакот Риека, за кого цел меч одигра Леонард Жута.

Ејупи учествуваше при израмнувачкиот погодок во 63. минута, откако 8 минути претходно Гаврановиќ и донесе предност на Риека.

Најубавиот момент се случи на десет минути пред крајот, а голот на Бочкај е вистински ремек-дело од слободен удар.

Ејупи беше заменет во последните моменти, а Жута одигра цел меч.

Најново во Фудбал