Гол во класичен англиски стил

Ејупи летна високо, Осиек го приземји Луцерн (Видео)

Музафер Ејупи е таличен за Осиек и кога тој погодува на Осиек не му бега победа. Така беше и вечерва, а токму Ејупи со прерасен гол со глава во 66. минута ја отвори швајцарската порта на Луцерн и го поведе својот тим кон победа од 2:0

објавено: 13 јули 2017 - 22:43

Музафер Ејупи е таличен за Осиек и кога тој погодува на Осиек не му бега победа. Така беше и вечерва, а токму Ејупи со прерасен гол со глава во 66. минута ја отвори швајцарската порта на Луцерн и го поведе својот тим кон победа од 2:0, во првиот меч од второто квалификациско коло за настап во Европа Лигата.

Бочкај изведе аут, а Ејупи со моќен скок ги надитри гостинските играчи и погоди во англиски стил за 1:0 за Осиек. Потоа и Грезда погоди за конечни 2:0 за Осиек пред реваншот на 20. јули.

Победнички денеска минаа и Иван Тричковски и Даниел Мојсов со АЕК Ларнака. Кипраните го победија Корк сити со 1:0, а Тричковски учествуваше во победничката акција. Истото го стори и Марјан Алтипармаковски при првиот гол на Судува против Лиепаја на гостински терен. И тој беше креатор на првиот гол на Судува, екипа која победи на гости со 2:0 и има огромна предност пред реваншот.

По година и пол пауза на голот на Норчепинг се најде македонскиот репрезентативец Давид Митов Нилсон. Тој бранеше цел меч за шведскиот тим кој го победи Тракаи со 2:1.

Најново во Фудбал