Гол по подолга пауза

Ејупи погодува, Осиек освојува бодови

Музафер Ејупи повторно е стрелец по четири меча пауза, а со неговиот погодок и со голот на Бобан во самиот финиш Осиек ја победи Цибалија во Винковци

објавено: 20 ноември 2016 - 16:57

Музафер Ејупи повторно е стрелец по четири меча пауза, а со неговиот погодок и со голот на Бобан во последните секунди Осиек ја победи Цибалија во Винковци.

Постот од над 400 минути, македонскиот шпиц го прекина во 61. минута, кога ја затресе мрежата на Цибалија. Ејупи ја почна акцијата и на крајот сам ја заврши со гол. Осиек се врати на третата позиција со 33 бода, зад лидерот Риека и шампионот Динамо Загреб.

Ејупи е на делба на второто место на листата на стрелците во хрватското првенство со 6 погодоци, еден помалку од голгетерот на Риека, Безјак.

Најново во Фудбал