Одлично „македонско“ дерби во Хрватска меѓу Осиек и Риека

Ејупи стрелец и асистент, бодовите се за Ристовски и Жута

Музафер Ејупи беше најдобар поединец во редовите на Осиек, постигна гол и имаше и асистенција, но мораше да им честита на Стефан Ристовски и на Леонард Жута, по победата на Риека од 3:2 на гостински терен

објавено: 19 февруари 2017 - 17:19

Музафер Ејупи беше најдобар поединец во редовите на Осиек, постигна гол и имаше и асистенција, но мораше да им честита на Стефан Ристовски и на Леонард Жута, по победата на Риека од 3:2 на гостински терен.

И тоа многу важна за составот од Руевица, во трката за шампионската круна во Хрватска. Мечот беше одличен, имаше и два пресврти, а на крајот гостите се радуваа.

Најпрво Риека водеше со голот на Гаврановиќ, па израмни Лепа со асистенција на Ејупи, а потоа нашиот интернационалец погоди за 2:1 за Осиек. Резултат што беше важечки по првиот дел.

Но, гостите со право се надеваат на титула и прекин на 11-годишната доминација на Динамо Загреб, а тоа го потврдија со одлична игра во второто полувреме. Андријашевиќ со два гола направи пресврт и бодовите заминаа за Риека. 

За Осиек во второто полувреме играше и Милован Петровиќ, уште еден македонски репрезентативец на дербито во Хрватска. 

Најново во Фудбал