Сефте гол му е за хрватскиот клуб во Европа

Ејупи стрелец за Осиек, Алтипармаковски и Судува приредија подвиг, Вашаш и Ристевски испаднаа

Музафер Ејупи погоди за Осиек против аутсајдерот Санта Колома, а неговиот клуб славеше денеска со 4:0 и со вкупен резултат од 6:0 се пласира во второто квалификациско коло за настап во Европа Лигата. Пдвиг направија Судува и Марјан Алтипармаковски со елиминација на Солигорск, додека елиминација претрпеа Кире Ристевски и Вашаш

објавено: 6 јули 2017 - 22:51

Музафер Ејупи погоди за Осиек против аутсајдерот Санта Колома, а неговиот клуб славеше денеска со 4:0 и со вкупен резултат од 6:0 се пласира во второто квалификациско коло за настап во Европа Лигата. Пдвиг направија Судува и Марјан Алтипармаковски со елиминација на Солигорск, додека елиминација претрпеа Кире Ристевски и Вашаш, по денешниот пораз од 0:3 против Беитар Ерусалим.

Ејупи погоди во осмата минута од дуелот со клубот од Андора и се поправи за про0машениот пенал на првиот меч. Осиек рутински ја елиминира Санта Колома и сега го чека Луцерн во второто коло.

Алтипармаковски влезе во игра за Судува на почетокот на второто полувреме, а се радуваше на подвиг во финишот на мечот. Јанкаускас со гол во 92. минута донесе невидена радост во Литванија, а Судува со победата од 2:1 го елиминира фаворизираниот Солигорск. Првиот меч заврши без голови. Судува ќе игра со Лиепаја во соседското дерби.

Вашаш сам се уништи уште на првиот меч во Израел кога дозволи во финишот да прими три гола и позитивата од 3:1, да ја загуби за неверојатни 4 минути. Во реваншот Унгарците загубија со 0:3 и испаднаа. Ристевски ги одигра двата меча комплетно.

Најново во Фудбал