МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ОСТАНУВА ВО БЕЛГИЈА

Емил Абаз потпиша нов договор со Бершот

20-годишниот играч потпиша денеска договор со белгискиот клуб на Бершот. Младиот македонски репрезентативец импресионираше во изминатите недели, тренирајќи со А-тимот.

објавено: 13 септември 2018 - 21:15

Емил Абаз е награден од челниците на оваа екипа со која потпиша договор на една година со опција да остане уште една сезона.

Од клубот велат дека Абаз многу напредувал со младиот тим предводен од тренерот Хернан Лосада:

„Убаво е што после шест недели имаме играч што оди во првиот тим. Емил веќе постигнан три кола оваа сезона во три натпревари. Експлозивен и силен во ситуациите „еден на еден". Се надевам дека и понатаму ќе има млади играчи кои ќе имаат улога во А тимот", вели Лосада.

Претходно беше дел од Антверпен, Андерлехт, Динамо Загреб и Спартак Суботица.

Најново во Фудбал