НОВО ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ СО ЛЕВАНТЕ

Енис Барди со најдобра реализација во Топ 5 европските лиги! (ФОТО)

Од 114 играчи кои имале 15 или повеќе удари од директни слободни удари во европските топ 5 лиги (Франција, Италија, Шпанија, Англија, Германија) од натпреварувачката сезона 2015/16, Енис Барди ја има најдобрата реализација.

објавено: 5 ноември 2018 - 20:12

Македонскиот репрезентативец имал досега 25 обиди од слободни удари, вкупно шест биле реализирани, со 24% успешност.

Пет имаше лани во првата сезона во дресот на Леванте, два против Атлетик Билбао, и по еден на мечевите со Депортиво Ла Коруња, Реал Сосиедад и Легањес.

Кога сме веќе кај головите Барди исто така минатата сезона во Примера стрелаше уште против Валенсија, Еибар и двапати на незаборавната пресметка со Барселона.

Досега во својата втора сезона, има вкупно еден погодок и тоа од слободен удар (шести вкупно) во победата на Леванте на гостувањето против Хетафе (0:1) во најквалитетното шпанско првенство.

Најново во Фудбал