Сепак ќе игра во Барселона

Епизода прва - Барди сепак ќе игра во Барселона, но на „Корнеља Ел Прат“

Енис Барди сепак ќе игра во Барселона, но со вториот шпански прволигаш од овој град, Еспањол, вечерва во националниот куп на Шпанија

објавено: 4 јануари 2018 - 10:59

Енис Барди сепак ќе игра во Барселона, но со вториот шпански прволигаш од овој град, Еспањол, вечерва во националниот куп на Шпанија.

Македонскиот репрезентативец речиси сигурно ќе биде во стартната постава на Леванте, вечерва од 21 часот на „Корнеља Ел Прат“, во првиот дуел со Еспањол во осминафиналето од Копа Дел Реј.

Три дена подоцна Леванте ќе и гостува на Барселона на „Камп Ноу“, но втората епизода во овој град во кус рок, Барди ќе ја пропушти. Тоа е првенствен дуел, а нашиот репрезентативец има пет жолти картони и мора да паузира на еден меч, токму тој во недела против Барса од 16,15 часот.

Барди нема среќа со настапите против двата шпански гиганти, бидејќи остана на клупата за резерви на Леванте против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, во меч од третото коло во Ла Лига. 

Најново во Фудбал