Не минаа лошо

Еспањол им стои на патот до четвртфиналето во кралскиот куп на Барди и Леванте

Еспањол е пречката за Барди и за Леванте во осминафиналниот двомеч во кралскиот куп на Шпанија, па може да се каже дека клубот од Валенсија има добра ждрепка и шанси за настап во завршницата

објавено: 5 декември 2017 - 16:00

Еспањол е пречката за Барди и за Леванте во осминафиналниот двомеч во кралскиот куп на Шпанија, па може да се каже дека клубот од Валенсија има добра ждрепка и шанси за настап во завршницата.

Еспањол ќе биде домаќин на првиот меч закажан за трети јануари, додека реваншот е 7 дена подоцна во Валенсија.

Од фаворитите најлошо мина Барселона, екипа која ќе игра двомеч со Селта. Тимот од Виго игра одлично, а токму во последното коло од шпанската Прва Лига одигра 2.2 против Барса и тоа на „Камп Ноу“.

Двојки: Еспањол - Леванте, Селта - Барселона, Нумансија - Реал Мадрид, Лас Палмас - Валенсија, Атлетико Мадрид - Леида, Форментера - Алавес, Кадиз - Севилја, Леганес - Вилјареал. 

Најново во Фудбал