ИНТЕРЕС ЗА РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ГОЛМАН

Еспањол тргнува по ангажман на Столе Димитриевски

Освен тимот од Барселона, за него има интерес и од Бетис и португалска Брага

објавено: 23 мај 2018 - 10:15

Добрите одбрани во оваа сезона во тимот на Гимнастик, како и во репрезентативниот дрес, му носат интерес на голманот Столе Димитриевски. Така според последните информации тој е на „радарот“ на Еспањол, за негов ангажман во тимот од Барселона. 

Според најавите, Еспањол е во потрага по голман кој ќе биде конкуренција на Диего Лопез, а „окото“ паднало на Македонецот. 

Меѓутоа овој тим не е сам во „трката“ за потписот на голманот од Македонија. Бетис и Спортинг Брага прашуваат за чуварот на мрежата. Бетис исто така е заинтересиран за услугите на Енис Барди, па ако овие трансфери се реализираат, во „зелено-белиот“ дрес би се појавиле двајца македонски репрезентативци. 

Најново во Фудбал