Иланд Роуд го поздрави македоснкито репрезентативец

Фантастична кореографија го мотивираше Алиоски (Фото)

Со прекрасна кореографија на „Иланд Роуд“ навивачите на Лидс ги дочекаа своите миленици, а тие возвратија со победа против Мидслбро. Јунак на мечот беше нашиот репрезентативец Езџан Алиоски со асистенција и погодок за триумф од 2:1

објавено: 19 ноември 2017 - 16:30

Со прекрасна кореографија на „Иланд Роуд" навивачите на Лидс ги дочекаа своите миленици, а тие возвратија со победа против Мидслбро. Јунак на мечот беше нашиот репрезентативец Езџан Алиоски со асистенција и погодок за триумф од 2:1.

„Заедно сме“ беше кореографијата што ја направија навивачите на Лидс, а посебна мотивиран беше Алиоски, кој го одигра веројатно и најдобриот меч за колубот од „Иланд Роуд“.

Во 25. минута тој му асистираше на Ернадез за предност од 1:0, а потоа и самиот погоди во 55. минута. Гостите потоа постигнаа погодок, но не успеаја да го расипат прекрасниот амбиент во режија на 33.770 гледачи на „Иланд Роуд“.

Најново во Фудбал