Бразилецот лесно си најде нов клуб

Фелипе промовиран во Каират со формула 1+1 (Видео)

Хуан Фелипе лесно си најде нов клуп по разделбата со Вардар и потпиша договор со Каират од Казахстан

објавено: 29 март 2018 - 13:26

Хуан Фелипе лесно си најде нов клуп по разделбата со Вардар и потпиша договор со Каират од Казахстан. Според формулата 1+1, Фелипе ќе игра една година за Каират, со можност да го продолжи договорот на уште една.

Со Вардар Бразилецот не се раздели најдобро, откако шампионот на Македонија пропушти шанса да го пушти во Сиваспор и да заработи најмалку 700 илјади евра од трансферот. Потоа Хуан си замина од Вардар со спогодба меѓу двете страни и без отштета, иако имаше договор со „црвено-црните“ до 2020 година.

Најново во Фудбал