ПОЗНАТИ ДЕТАЛИТЕ ОКОЛУ ДОГОВОРОТ НА НАШИОТ БИСЕР

Фенербахче ги откри бројките за Елиф Елмас

За транссферот на македонскиот бисер во редовите на турскиот гигaнт, Работнички доби 180.000 евра, додека Елиф Елмас ќе заработи 1,2 милиони евра во дресот на Фенербахче. 

објавено: 14 септември 2017 - 12:35

Фенербахче откри колку тежи трансферот на Елиф Елмас. За својот некогашен фудбалер, тимот на Работнички доби 180.000 евра, додека пак нашиот супер-талент, кој потпиша петгодишен договор ќе заработи 1,2 милиони евра.

Како што информираат за услугите на Елмас биле заинтересирани дури 25 клуба, вклучувајќи ги Арсенал, Манчестер Сити, Лацио, Ајакс, ПСВ, Херевен, Генк...

Инаку Елмас нема да може веднаш да настапува за Фенербахче, откако ФИФА го одби нивното барање за да може да го официјализираат договорот со македонскиот фудбалски бисер. Тој ќе мора да почека за настап за Фенер дури во 2018 година, бидејќи е малолетен и не може да биде регистриран со специјална дозвола од ФИФА, во овој преоден рок.

Елиф на 27. септември ќе полни 18 години, а летниот преоден рок заврши претходно, па неговиот трансфер од Работнички во Фенербахче не може да биде официјализиран. Тој тренира со турскиот клуб, таму ќе ја продолжи кариерата, но по одлуката на ФИФА не може веднаш да игра. Во зимскиот преоден рок ќе мора да биде потврден трансферот, па Елмас ќе може да настапува за повеќекратниот турски првак.

Најново во Фудбал