Неочекувани проблеми

Нема веќе место - Фенербахче има проблем со вишок странци, се прави простор за Елмас, ама никој не ги сака Ван Перси и Фернандао

Фенербахче има премногу странци, а квотата од 15 интернационалци е проблематична и за Елиф Елмас

објавено: 2 јануари 2018 - 17:40

Фенербахче има премногу странци, а квотата од 15 интернационалци е проблематична и за Елиф Елмас. Младиот македонски репрезентативец наполни 18 години, веќе има дозвола од ФИФА да може да игра за Фенер, но сега проблем е што има премногу странци.

И сега ниту планот на раководството на турскиот гигант не оди како што треба, бидејќи Робин Ван Перси е прескап за Феенорд, а и трансферот на Фернандао во Лос Анџелес галакси може да се изјалови.

Сепак време има доволно за да се средат работите и Елмас да се вклопи во дозволената квота на странци, бидејќи за него велат во Фенер дека е иднина на клубот.

Тој направи трансфер летоска од Работнички во Фенербахче, но беше малолетен и не добио дозвлоа од ФИФА за настап во есенскиот дел од турското првенство. Сега веќе пречки нема, но замка се внатрешните проблеми во клубот со премногу странци.

Најново во Фудбал