Блиску е до деби, но вечерва не доби шанса

Фенербахче патува во четвртфиналето на турскиот куп, Елмас ќе чека нова шанса за деби

Елиф Елмас за првпат беше во официјалниот состав на гигантот Фенербахче, но остана на клупата и не доби шанса за деби, па ќе почека нова шанса

објавено: 16 јануари 2018 - 20:36

Елиф Елмас за првпат беше во официјалниот состав на гигантот Фенербахче, но остана на клупата и не доби шанса за деби, па ќе почека нова шанса.

Фенер го доби и вториот осминафинален дуел против градскиот ривал Истанбулспор, вечерва со 1.0 и со вкупен резултат од 3:0 се пласира во четвртфиналето на турскиот куп.

Елиф по многу перипетии, конечно доби зелено светло да може да игра, но вечерва Кочаман не му даде шанса да одигра некоја минута и официјално да дебитира за новиот клуб.

Македонскиот фудбалски бисер потпиша петгодишен договор со Фенер, со важност од овој месец.

Најново во Фудбал