ЕКС ВАРДАРЕЦОТ ПРОМОВИРАН ВО УНГАРСКИТО ВЕЛИКАН

Ференцварош го дочека Спировски

Договор на три години за репрезентативецот во Унгарија

објавено: 28 август 2017 - 15:00

Ференцварош го претстави Стефан Спировски. Македонскиот репрезентативец го комплетираше договорот со унгарскиот тим кој што е со важност од три години.

Спировски заминува во оваа екипа после добрите настапи за Вардар во Европа, а на негово место „црвено-црните" го донесоа Вања Марковиќ кој што денеска го промовираа како нов играч на шампионот.

веднаш по овој официјален дел, Спировски се враќа во Македонија каде што ќе се подготвува за репрезентативните настапи за дуелите против селекциите на Израел и на Албанија.

Најново во Фудбал