репрезентативецот стрелаше против ајнтрахт франкфурт

Ферукоски погоди за Офенбах во куп финалето на германската покраина Хесе (ВИДЕО)

Членот на репрезентацијата на Македонија до 17 години, Марко Ферукоски, го освои Купот на сојузната германска република Хесе со неговиот тим Офенбах кикерс.

објавено: 3 јуни 2016 - 09:45

Ферукоси во финалето против врсниците на бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт беше стрелец на вториот погодок за неговиот тим, а неговиот тим го славеше во финалето со убедливи 3-0.

Иако е роден во Франкфурт, Ферукоски потекнува од населеното место Нерези, во струшкиот крај и под водство на нашата фудбалска легенда Вујадин Станојковиќ, досега има одиграно пет натпревари за У17 репрезентацијата на Македонија.

Најново во Фудбал