МЛАДИОТ МАКЕДОНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

Ферукоски стрелец во голеадата на Кикерс Офенбах (Видео)

Нашиот интернационалец придонесе во контролниот меч против Вејнбахтал со резултат 8:0.

објавено: 24 јуни 2018 - 19:52

Во првото полувреме стрелаше во противничката мрежа за зголемување на водството од 2:0.

Ова беше прв успешен тест во летните подготовки за фудбалерите на Кикерс Офенбах за новата сезона во Регионалната лига - Југозапад.

Претходно беше дел од У17 и У18 селекцијата, а воедно стана дел од У19 „Златната генерација" македонски фудбалери кои успеаја лани со максимални девет бодови да ги завршат натпреварите од групата за пласман во елитната УЕФА фаза за ЕП.

РИСТОВСКИ СО ПОГОДОК ВО ПОРАЗОТ НА КРШКО

20-годишниот играч за врска во нападот веднаш се вклопи во играта на словенечкиот клуб каде што настапува како позајмица од Риека.

Во пријателска средба тимот на Кршко загуби минимално од српската екипа на Раднишки Ниш (1:2). Единствениот гол за Кршко го постигна токму нашиот Милан Ристовски во 15. минута за водство.

 

Најново во Фудбал