Чуден потег на Коркиакунас

Фински експеримент за Шишковски - Одбрани пенал пред една недела, денеска е резерва во Лахти

Интересен потег повлече тренерот на Лахти и една од легендите на клубот Тони Коркиакунас, а неговата одлука е херојот од пред една седмица Дамјан Шишковски да го стави на клупата за резерви, а денеска против Илвес да брани Александр Васјутин

објавено: 21 април 2018 - 16:08

Интересен потег повлече тренерот на Лахти и една од легендите на клубот Тони Коркиакунас, а неговата одлука е херојот од пред една седмица Дамјан Шишковски да го стави на клупата за резерви, а денеска против Илвес да брани Александр Васјутин.

Шишковски одбрани пенал во финишот на мечот со Хонка и му донесе вреден бод на својот тим, но денеска беше ротиран на клупата. Повремениот македонски репрезентативец неодамна потпиша договор со Лахти, екипа која ќе игра во Европа Лигата.

Најново во Фудбал