„ВИОЛЕТОВИТЕ“ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ

Фиорентина во нова офанзива по Несторовски

Тимот од Фиренца веќе неколку недели е на мета на калчолигашот

објавено: 20 јули 2017 - 17:40

Илија Несторовски сепак можно е да си замине од Палермо. Екипата на Фиорентина веќе неколку недели се обидува да го доведе во своите редови. „Виолетовите“ сега се во нова офанзива за македонскиот репрезентативец. 

Спортскиот директор на Фиорентина, Панталео Корвињо настојува да го договори голгетерот. Несторовски пред неколку дена беше назначен за нов капитен на Палермо, но сепак тоа не значи дека сигурно ќе остане во тимот кој испадна во Серија Б. 

Несторовски минатата сезона во Серија А ја заврши со 11 погодоци, а сега на првиот контролен дуел за Палермо дури четири пати ја тресеше мрежата на аматерите од Австрија.

Трансферот во Фиорентина е се поизвесен, ако се знае дека од редовите на „виолетовите“ ќе си замине Никола Калиниќ, кој е на мета на Милан. 

Најново во Фудбал