ГОЛЕМИОТ ТАЛЕНТ ЗАПОЧНУВА НОВО ПОГЛАВЈЕ ВО КАРИЕРАТА

Фудбалскиот бисер Елмас пристигна во Истанбул

Талентираниот 17-годишен играч во новата сезона ќе го носи дресот на Фебербахче

објавено: 17 јули 2017 - 00:19

Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас вечерва пристигна во Истанбул. Талентираниот 17-годишен фудбалер, во новата сезона ќе го носи дресот на турскиот гигант Фенербахче. Иако уште е тинејџер, Елмас веќе има настап и за сениорската селекција на Македонија, а е стандарден член на младинската селекција. 

За Елмас се интересираа повеќе европски екипи, но Фенербахче беше најконкретен.

Како што уште пред неколку дена откри „Македонски Спорт“, во реализација на трансферот на Елмас во Фенербахче, учествувал и македонскиот кошаркар Перо Антиќ, кој пред неколку месеци во дресот на „црно-жолтите“ стана европски и турски првак. 

 

Најново во Фудбал