Турците нудат многу за македонскиот бисер

Галатасарај ја подготви „десетката“ за Елмас

Елиф Елмас блесна и на европската сцема, одигра одлично за младинската селекција на Македонија на ЕП во Полска и е еден од најбараните фудбалери во неговата возраст, до 17 години. Галатасарај му ја нуди „десетката“ и одлични услови само да стаса до потписот на Елмас

објавено: 30 јуни 2017 - 13:10

Елиф Елмас блесна и на европската сцема, одигра одлично за младинската селекција на Македонија на ЕП во Полска и е еден од најбараните фудбалери во неговата возраст, до 17 години. Галатасарај му ја нуди „десетката" и одлични услови само да стаса до потписот на Елмас.

Турскиот гигант испратил мега-понуда до Елмас. Галатасарај има пари за да го доведе македонскиот репрезентативец, а во понудата влегува и преселба на целото негово семејство, кое би престојувало во Истанбул на трошок на повеќекратниот турски првак.

Најново во Фудбал