Опција која му се нуди за да игра повеќе

Генчлербирлиги го бендиса Елмас, талентот на Фенербахче оди на позајмица?

Генчлербирлиги бие грчевита битка за опстанок во турската Прва лига и бара засилувања, а едно од нив во зимскиот преоден рок може да биде Елиф Елмас. Постои опција нашиот репрезентативец да замине во клубот од Анкара

објавено: 14 декември 2017 - 11:25

Генчлербирлиги бие грчевита битка за опстанок во турската Прва лига и бара засилувања, а едно од нив во зимскиот преоден рок може да биде Елиф Елмас. Постои опција нашиот репрезентативец да замине во клубот од Анкара.

Целта е 18-годишниот фудбалски бисер повеќе да игра, нешто што во моментот Фенербахче не може да му го понуди. Сега останува Елиф да одлучи дали ќе замине на „калење“ во зимскиот преоден рок, или ќе се обиде да се избори за статус првотимец во турскиот гигант.

Најново во Фудбал