Македонецот го одигра целиот меч во новата победа на Мелбурн

Георгиевски и Виктори итаат кон полуфиналето во „А“ лигата

Повремениот наш репрезентативец ги одигра 90. минути за својот тим Мелбурн Виктори кој на домашен терен го победи Перт Глори со 4:1

објавено: 11 март 2017 - 11:46

Даниел Георгиевски е меѓу најдобрите леви бекови во Австралија. Повремениот македонски репрезентативец имаше одлична партија во победата на својот тим Мелбурн Виктори од 4:1 против Перт Глори во рамките на 23. коло од „А" лигата.

Георгиевски ги одигра сите 90 минути за својот тим а својата добра форма ја потврди со одличниот денешен настап. Тој беше меѓу најдобрите поединци во тимот, иако не успеа да се запише во листата на стрелците, односно да додели некоја асистенција.

Иако гостите поведоа со голот на Кастро на самиот почеток, до финишот на првиот дел Бериша и Бен Калифа направија комплетен пресврт за 2:1.

Рохас по три минути игра во продолжението зголеми на 3:1 додека конечниот резултат беше дело на Троиси во 73. минута.

Со оваа победа, Виктори дојде до 45. бод во сезоната и се наоѓа на второто место, додека убедливо напред се наоѓа Сиднеј со 56. Сепак, во Австралија се игра плеј-оф систем па така најдобрите две екипи одат дирекно во полуфиналето, додека од третото до шестото место ќе играат четврт-финални средби.

Најново во Фудбал