ЈАХОВИЌ БЛИСКУ ДО ПРЕСЕЛБА ВО ЕЛИТНИОТ РАНГ

Гезтепе ќе игра за „влез“ во првата турска лига

По двете победи од (2:0) против Болуспор, тимот на нашиот интернационалец ќе игра во финалето на баражот во Втората лига на Турција против Ескишехир

објавено: 29 мај 2017 - 22:46

Адис Јаховиќ и неговата екипа Гезтепе стигнаа до финалето на баражот во Втората лига на Турција, Гезтепе беше и по втор пат подобар од екипата на Болуспор. И по во втор пат Јаховиќ и соиграчите беа подобри од својот ривал во полуфиналето, славеа со сигурни (2:0).

Со оглед на тоа дека Гезтепе беше поуспешен од својот ривал и на првата пресметка, тоа значи дека овој тим ќе се бори за место во елитата на Турција.
За да стигне до таму Јаховиќ ќе мора да го помине и финалето од баражот, во кое за противник ја имаат екипа на Ескишехир.

Најново во Фудбал