Речиси сам го донесе клубот во елитен ранг

Гезтепе си има ХЕРОЈ, Адис Јаховиќ погодуваше за Прва лига

Адис Јаховиќ е вистински херој на Гезтепе, а неговиот клуб вечерва се пласираше во Првата турска лига и тоа благодарение најмногу на нашиот интернационалец

објавено: 4 јуни 2017 - 23:57

Адис Јаховиќ е вистински херој на Гезтепе, а неговиот клуб вечерва се пласираше во Првата турска лига и тоа благодарение најмногу на нашиот интернационалец.

Адис, најпрво во петтата минута од судиското продолжение на финалниот бараж меч со Есхишехир погоди и го спаси Гезтепе од пораз во регуларниот дел, а потоа пак погоди, но во пенал серијата. Ладнокрвно, во манир на расен стрелец, речиси сам го елиминираше фаворизираниот противник и заслужено ќе игра во Првата турска лига.

Есхишехир имаше предност од 1:0, но не најде чаре да го сопре нашиот интернационалец во 95. минута. Потоа се играа продолженија, но немаше голови, па се мина на пенал серија. Јаховиќ го погоди првиот пенал за Гезтепе, тимк кој имаше и среќа во пенал-рулетот и славеше со 3:2. И им се приклучи на Сиваспор и на Малатијаспор како нови прволигаши.

Јаховиќ е убедливо најдобар стрелец на Гезтепе сезонава и постигна вкупно 22 погодоци, со што е втор стрелец во Втората лига.

Најново во Фудбал