Кам-бек за трофејниот тренер на познат терен

Ѓоко Хаџиевски во спасувачка мисија - Се враќа во Емиратите, на клупата на Ал Џафра

Ѓоко Хаџиевски се враќа на работа во Обединетите Арапски Емирати и веќе е назначен за нов тренер на Ал Џафра. Со него во спасувачка мисија на фенерџијата во најдобрата тамошна лига ќе заминат како помошници и Никола Коки Аврамовски и Горазд Михајлов

објавено: 13 јануари 2018 - 14:20

Ѓоко Хаџиевски се враќа на работа во Обединетите Арапски Емирати и веќе е назначен за нов тренер на Ал Џафра. Со него во спасувачка мисија на фенерџијата во најдобрата тамошна лига ќе заминат како помошници и Никола Коки Аврамовски и Горазд Михајлов.

Искусното македонско трио знае како се работи во екипи од арапските лиги, па се очекува брзо да му помогнат на новиот свој тим да се спаси од испаѓање.

Ал Џафра има 8 бода на последното место, зад Хата, екипа која претходно ги имаше на клупата трилингот македонски тренери, предводени од Хаџиевски.

Најново во Фудбал