НАШИОТ ИГРАЧ ОСТАНУВА ВО ШВАЈЦАРСКИОТ ПРВОЛИГАШ

Ѓорѓев не оди на позајмица, ќе се бори за првиот тим во Грасхоперс!

21-годишниот интернационалец има осум средби и еден гол за младата селекција и со вкупно пет мечеви во сениорскиот дрес.

објавено: 1 септември 2018 - 19:45

Од 2014. година стана дел од вториот тим на Грасхоперс (24 натпревари, пет голови), од 2015-та е во првиот каде што забележа 32 натпревари и еден гол.

Беше дел од младата У21 селекција на Европското првенство во Полска каде што покажа одлични игри и постигна еден гол во ремито со Србија, по што направи трансфер во холандскиот Твенте на позајмица, но таму не доби вистинска шанса, со само два официјални меча. Воедно беше и на позајмица во швајцарскиот второлигаш Арау (15. натпревари, еден гол).

Дефинитивно Никола Ѓорѓев нема да оди на нова позајмица, односно ќе остане во Грасхоперс (има договор до 30. јуни 2020 година) каде што ќе се бори за прволигашки статус и секако поголема минутажа.

Најново во Фудбал