ШВАЈЦАРЦИТЕ ВО ПОТРАГА ПО ДРУГА АЛТЕРНАТИВА

Ѓорѓев пред разделба со Грасхоперс!?

21-годишниот македонски интернационалец, иако се најавува како еден ветувачки фудбалски талент, некако „отсутен" во последните скоро две години...

објавено: 12 јануари 2019 - 18:30

Според швајцарскиот весник „Блик", Никола Ѓорѓев не е повикан во зимскиот тренинг камп на тимот на Грасхоперс.

Изворот вели дека и покрај тоа што има договор до 30. јуни 2020. година, Грасхоперс е во потрага по друга алтернатива.

Со младата У21 репрезентација играше на ЕП во Полска 2017, има досега пет настапи во сениорскот дрес, во сезоната 2017/2018 како позајмица имаше само две официјални средби за холандскиот Твенте, а беше дел и од Арау и Цирих.

Најново во Фудбал