КРАТКО ВРЕМЕ Е ВО „ЛА ЛИГА“, НО ВЕДНАШ ПРИВЛЕКУВА ВНИМАНИЕ

Го нудат Димитриевски на гигантите Реал, Барса и Атлетико Мадрид!?

Шпанските медиуми веќе започнаа со шпекулации за евентуални трансфери наредното лето, а во врска со најголемите фудбалски клубови во оваа земја.

објавено: 10 јануари 2019 - 12:30

Во следните месеци најзвучните имиња во Шпанија, Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид, би можеле да ги разгледаат опциите за освежување на голманската позиција.

На пример, Барса се очекува да си замине во летниот период, потоа Јан Облак има клаузула од 100 милиони и сеуште нема никакви најави за нов договор, а Реал Мадрид и покрај продолжувањето на соработката, по се изгледа Кејлор Навар е спремен да бара нова средина. Па сега, се поставува прашањето кој голман би бил идеален во блиска или далечна иднина за овие три гиганти?

Најпрвин се одвојува Фернандо Пачеко кој има одлична сезона, 26-годишниот чувар на мрежата со Алавес моментно одлично котира во „Ла Лига" имајќи ја четвртата позиција и тоа пред Реал. Интересен е податокот, што Алавес после 18 кола има помалку примени голови (18) од Барселона (20) и Реал (23). Пачеко дефинитивно е голман за големи натпревари и го поврзуваат со трансфер во Атлетико.

Потоа, позитивно изненадувачки за нас на оваа кратка листа, се наоѓа Столе Димитриевски, 25-годишниот македонски репрезентативец кој секако има голем број на мечеви во Шпанија. Иако навистина има само неколку месеци што е дел од „Ла Лига", а во Химнастик Тарагона од каде што е на позајмица во Рајо Ваљекано, се промовираше во еден топ голман.

За Рајо, Столе веќе се покажува како одлично решение и би можел да биде еден од главните носители во обезбедувањето на опстанокот сезонава. Да потсетиме, дека до крајот на сезоната е на позајмица во клубот, навивачите на Рајо веќе се задоволни од него од кој сепак ќе зависи дали ќе се одлучи да потпише нов траен договор или ќе се врати во Химнастик. Или пак, како што се шпекулира, е понуден на една од врвните екипи Реал, Барса и Атлетико, каде што слободно може, ако не како стартер, тогаш дефинитивно како „супер замена".

И на крајот Давид Сориа (25) на кој му предвидуваат блескава иднина, минатото лето во Хетафе дојде од Севиља. Скоро секое коло во шпанската елита покажува многу добри перформанси што резултира со моментно одлично седмо место за Хетафе во „Ла Лига".

Најново во Фудбал