БОРЧЕ ЛАСКОВ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ГОЛЕМИОТ ТИМ ОД СОЛУН

Го сонувам дербито Арис - ПАОК

Младиот фудбалер направи трансфер во грчкиот гигант и се надева дека наскоро ќе дебитира за тимот на Арис.

објавено: 14 септември 2018 - 12:30

Чудни се фудбалските патишта, по кои одат илјадници млади луѓе и кои деноноќно се борат да го одберат вистинскот. Борче Ласков младиот македонски интернационалец и репрезентативец го одбра оној кој води во соседството, во Солун, каде што во следните две години ќе биде член на тимот на Арис.

Тој е дете на Брегалница, мина период и во Работнички, а како многу млад замина за Германија каде што настапуваше за тимот на ВФЛ Фонтана Вилхен. Сега, прави може да се каже сериозен трансфер во клуб кој е одличен за еден млад играч како него во кој ќе ја има целата подршка да покаже што знае и умее.

„Секако дека сум презадоволен што ете потпишав договор со така реномиран и трофеен клуб. Арис е одлична средина за она што мене ми е потребно во моментов. Работа на професионално ниво, највисоки услови, и секако шанса да покажам што знам. Се надевам дека истата наскоро и ќе ја добијам и ќе ја оправдам довербата која ми е доделена. Благодарност до менаџерот Спирос Цефренѕидис преку кој се заврши овој трансфер и кој ми овозможи да потпишам за Арис.

УСПЕШНО МИНАТА ПРОБА

Ласков не стана дел од Арис така лесно. Мина петнаеседневна проба во која одигра и тест мечеви, а постигна и гол.

„Да, ми се посреќи што се вели во право време. Бев стрелец против Кипарскиот состав Арис Лимасол. Задоволив кај стручниот штаб и сега е на мене да продлжам со добри игри. Во моментов ќе бидам на релација, прв тим, У20 тим, за да можам да соберам што е можно поголема минутажа и искуство. Секако желба ми е деби во најсилната Грчка фудбалска конкуренција, деби за мојот нов тим, и тоа по можност на дербито Арис – Паок. Тоа е сон веројатно на секој фудбалер кој чул барем малку за овие два тима и за нивното ривалство. Кога се игра овој меч верувајте дека целиот град е на нозе. Навивачите се неверојатни, вистинска фешта" - раскажува Ласков.

Најново во Фудбал