ЗАВИСИ И ДАЛИ ЌЕ ОБЕЗБЕДИ ОПСТАНОК ВО ШПАНСКАТА „ЛА ЛИГА“

Го „заборава“ Химнастик: Димитриевски сака уште долго да остане во Рајо!

Да потсетиме, 24-годишниот македонски репрезентативен чувар на мрежата е на позајмица на едно-годишна позајмица од Химнастик Тарагона.

објавено: 27 декември 2018 - 09:30

Моментно Рајо е сеуште во опасната зона за испаѓање со 13 бодови, но сега не така далеку од безбедната зона, односно на пример од Атлетик Билбао кој е на 17. место со 16 бодови.

Со доаѓањето на Столе Димитриевски се стабилизираше голманската позиција во Рајо Ваљекано кој конечно да започна и да победува оваа сезона, а свој придонес досега имаше и нашиот голман со своите одлични одбрани.

Димитриевски за краток период го привлече вниманието на навивачите на клубот, беше во тимот на колото, како и во изборот на топ 5 најдобри одбрани. Првиот меч од новата 2019. година Рајо ќе го има на 5. јануари на гостувањето кај Ваљадолид. И неговиот матичен клуб не се наоѓа во добра ситуација во втората шпанска лига, Химнастик после 19. кола е на последната 22. позиција со 13 бодови.

„Среќен сум поради победата над Леванте, благодарност и до навивачите кои не бодреа на најдобар можен начин. Што се однесува до мојот статус смирен сум, јасно е тоа дека што повеќе имате натпревари се чувствувате многу посамоуверени. Можам да си посакам новогодишна желба, но тоа не зависи од мене, тоа зависи од клубот. Би сакал да бидам тука уште долго време", вели Димитриевски.

Останува како позајмица да го одработи и вториот дел од сезоната во „Ла Лига", а во летниот период 2019 ќе дознаеме дали Рајо ќе ја искористи опцијата за откуп на неговиот договор или ќе се врати во Химнастик.

Секако многу ќе зависи и од тоа дали Рајо ќе ја оствари примарната цел, останување во „Ла Лига" и така евентуалните преговори за продолжување на соработката би поминале во уште подобра атмосфера меѓу двете страни.

Најново во Фудбал