Ја брка дваесеттката

Гол број 19 за Јаховиќ, победа за Гезтепе за бараж во Првата турска лига

Адис Јаховиќ повторно постигна гол за Гезтепе, број 19 во втората турска лига сезонава, а неговиот тим забележа значјна победа за пласман во баражот во обид да се стаса до елитата

објавено: 14 мај 2017 - 18:17

Адис Јаховиќ повторно постигна гол за Гезтепе, број 19 во втората турска лига сезонава, а неговиот тим забележа значјна победа за пласман во баражот во обид да се стаса до елитата.

Во 71. минута македонскиот интернационалец ја погоди мрежата на Самсунспор и најави комплетен пресврт по водството на гостите од 1:0. Во тој момент беше 2:1 за Гезтепе, екипа која потоа постигна уште два гола и славеше со 4:1.

Гезтепе на едно коло до крајот е на петтата позиција со комотни два бода предност пред Алтинорду и еден од Болуспор. Првите две екипи влегуваат во Првата турска лига, а следните 4 играат бараж за уште едно место во елитата.

Најново во Фудбал