ЕФЕКТОТ НА НАШИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ НЕДОВОЛЕН ЗА ПОБЕДА ВО ГРАДСКОТО ДЕРБИ ПРОТИВ ЛОКОМОТИВ

Гол првенец на Савиќ за Славија Софија

објавено: 8 ноември 2014 - 15:26

Македонскиот интернационалец Душан Савиќ не успеа да го спаси од пораз својот тим Славија Софија во градското дерби против Локомотив Софија. Гостите славеа со 1-2, а Савиќ го постигна единствениот гол за домаќините, што за него беше прв во бугарскиот шампионат на пет натпревари.

Во тимот на Славија денеска во составот го немаше повремениот репрезентативец Кире Ристевски. Славија со овој пораз останува во долниот дел на табелата, односно на 10-тото место.

Најново во Фудбал