Сефте за сениорскиот тим

Гол што вреди и кога се губи - Тинејџерот Милан Ристовски со деби погодок за Риека

Милан Ристовски го постигна голот првенец во дресот на Риека на подготовките во Албуфеира, Португалија. Нашиот млад репрезентативец погоди во 73. минута на дуелот со Орхус во поразот на хрватскиот состав со 1:2

објавено: 29 јануари 2018 - 19:13

Милан Ристовски го постигна голот првенец во дресот на Риека на подготовките во Албуфеира, Португалија. Нашиот млад репрезентативец погоди во 73. минута на дуелот со Орхус во поразот на хрватскиот состав со 1:2, на популарниот Атлантик куп.

Ристовски е на првите зимски подготовки со сениорскиот состав на Риека и имаше среќа во вториот меч во Албуфеира да го постигне својот прв гол.

Претходно и неговиот брат Стефан Ристовски го носеше дресот на актуелниот хрватски шампион.

Најново во Фудбал