РЕТКО КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПОФАЛИ СО ВАКВА БРОЈКА

Голот број 75 за Пандев во Серија А, беше премалку за Џенова

Капитенот на македонската репрезентација втор пат за неполни две недели дава гол 

објавено: 30 април 2017 - 17:03

Горан Пандев стигна до 75 погодок во Серија А. Капитенот на македонската репрезентација погоди за Џенова, која на свој терен загуби со 1:2. во Џенова. Пандев беше прецизен во 43 минута за водство од 1:0 на домаќините. Сепак, во вториот дел Киево со два погодоци успеа да направи целосен пресврт и стигна до трите бода на гостувањето.

За Пандев ова беше 75 погодок во историјата на Серија А. Популарниот Гоче, заедно со Ернан Креспо се единствените двајца странци кои имаат дадено голови за пет различни клубови. Во дресот на Џенова ова му е втор погодок во Серија А, откако пред неполни две недели погоди и против Лацио.

Пандев во Серија А има еден гол за Анкона, дури 48 пати се радуваше во дресот на Лацио, за Интер погоди пет пати, а како играч на Наполи има дадено 19 погодоци. Сега со двата гола во дресот на Џенова, стигна до 75 голови во Серија А. 

Резултати: Џенова - Киево 1:2, Палермо - Фиорентина 2:0, Калјари - Пескара 1:0, Кротоне - Милан 1:1, Емполи - Сасуоло 1:3. 

Најново во Фудбал