НЕМА ЗАПИРАЊЕ НИТУ ВО ОВАА СЕЗОНА

ГОЛОВИ СО КОИ НЕСТОР-ГОЛ Е УШТЕ ПОСКАП: Во Палермо дојде за 600.000, сега вреди најмалку шест милиони евра! (ВИДЕО)

Во Палермо дојде да сума од 600.000 евра, сега вреди најмалку шест милиони евра, такви се проценките на експертите...

објавено: 28 февруари 2018 - 13:25

Во Палермо дојде да сума од 600.000 евра, сега вреди најмалку шест милиони евра.

Тоа е Илија Несторовски како играч на Палермо во изминатиот период, оној во кој се пресели од скромнито интер Запрешиќ кај сицилијанскиот клуб, сега дел од Серија Б. 

Оваа сезона Македонецот продолжува да воодушевува во уште потешката за играње Серија Б. Во натпреварувањето во кое има дури 22. клуба кои се борат за пробој во Серија А но и за испаѓање во Серија Ц, на 21 одигран натпревар засега, Илија Несторовски реализираше 12. голови.

Сите „спакувани“ во две минути....

Последниот дојде вчеравечер, во дуелот на домашен терен против Асоколи, кога со слободен удар и неговата „левица“ го погоди горниот агол на голот на противникот,за (4:1) со кој сега Палермо е трет со три бода зад Фросиноне и четири поназад во однос на лидерот Емполи. 

Најново во Фудбал