ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ НАЈАВУВА

„Гранде Пандев“: Најдоцна до 2020 година ја завршувам кариерата!!!

Играчот на италијанскиот клуб Џенова во интервјуто за „МИА", Горан Пандев изјави дека најдоцна до 2020. година ја завршува професионалната кариера.

објавено: 14 август 2018 - 15:04

Нашиот репрезентативен напаѓач се надева дека ќе одигра уште една или две сезони. Секако, здравјето ќе биде на првото место, на клупски план планира да заврши во редовите на Џенова, најстариот клуб во Италија и ќе му биде чест во таа екипа да заврши со активното играње фудбал.

Во својата богата кариера особено клупска настапуваше за големи врвни имиња како Интер, Лацио, Наполи, Галатасарај...

Најголемите успеси ги имаше во дресот на „неро-аѕурите", освојувајќи ги Серија А, Купот на Италија, Суперкупот на Италија, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

Секако огромна е и желбата кај 35-годишниот „Гранде Пандев" со македонската А репрезентација конечно да биде дел од едно Европско или Светско првенство. Најверојатно можеби последната шанса (како играч) ќе ја има преку УЕФА Лига на нациите која ќе започне наредниот месец, натпреварување преку кое ќе се бара шанса за учество на ЕУРО 2020.

Најново во Фудбал